
AUTOMD Ви нуди комплетна понуда на турбини од познатиот светски производител JRONE, компатабилни со сите брендови на моторни возила. Над 300 модели на турбини се достапни со највисок квалитет, наменети за дизел мотор од 0.8L до 3.5L, како и за бензински мотори помеѓу 1.0L и 2.0L.
Производството на JRONE ги опфаќа највисоките стандарди на квалитет, при што дел е автоматизиран со производни линии и роботика, додека контролата на квалитет се прави рачно од квалификувани машински инженери.
Доколку сте заинтересирани за турбина за Вашето моторно возило, може да нé исконтактирате телефонски за совет и понуда. AutoMD може да обезбеди целосна поддршка во набавката, инсталацијата и оддржувањето на турбините, како и дополнителни резервни делови за истите. Ви овозможуваме пристап до над 1.000 резервни делови и компоненти за турбини, произведени по препораките на брендовите и највисоките стандарди на квалитет. Дополнително во нашата понуда имаме и потрошни материјали за турбини, повторно од директно производство на JRONE, со оригинален квалитет и по најдобри цени.